Најмалку 376 лица биле убиени во борбите во близина на либискиот главен град Триполи минатиот месец, соопшти Светската здравствена организација.
Бројот на повредените за истиот период е 1822.
СЗО повика на итен прекин на огнот во Либија.
На 4 април командант на милитантната група Либиска национална армија, Калифа Хафтар им нареди на неговите борци да започнат офанзива за освојување на Триполи, каде е базирано меѓународно признатата Влада на национално единство, предводена од неговиот ривал Фајез Сараџ.
Околу 42.000 луѓе избегаа од областа од почетокот на борбите