После фантастичните настапи на Ајакс оваа сезона во Лигата на шампионите, најголемите европски клубови покажаа интерес за фудбалерите на холандскиот тим.
Ајакс е на прагот на финалето од Лигата на шампионите откако Холанѓаните славеа на првиот натпревар против Тотенхем со 1:0, а погодокот во Лондон беше дело на Дони Ван Де Бек.
Токму за Де Бек наводно деновиве покажале интерес од париски ПСЖ, а од претходно наводно заинтересирани за неговиот потпис биле и Арсенал.
Според холандските медиуми, од управата на ПСЖ веќе започнале преговори со Ајакс за 22-годишниот фудбалер, а парижаните најверојатно за неговите услуги ќе платат околу 60 милиони евра.