Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по денешната средба со Меѓуминистерскиот комитет за зачленување и интегрирање во НАТО, порача дека зачленувањето во Алијансата е „државна и граѓанска цел на Косово”, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај за средбата информира преку својот Фејсбук, при што нагласи дека Косово е поставено на страната на демократските земји, во поддршка на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко”.
– Косово ја институционализира аспирацијата за зачленување во Северноатлантскиот пакт со тоа што го стави во функција Меѓуминистерскиот комитет за зачленување и интегрирање во НАТО. Јакнењето на односите, зголемената присутност во Брисел, стратешката комуникација, како и вклучувањето на Косово во партнерски програми, го означува поаѓањето на Косово кон НАТО, напиша Харадинај.