Оле Гунар Солскјер по се изгледа има намера во раководните и тренерските структури на клубот да постави колку што е можно повеќе легенди на клубот со цел истиот да се издигне од проблемите кои ги има во последно време.
Откако во јавноста се шпекулираше дека во клубот одредени функции би можеле да добијат Пол Сколс, Рио Фердинанд, Питер Шмајхел, Едвин ван дер Сар и Патрис Евра, сега се појави шпекулација дека во Манчестер би можел да се врати миленикот на фановите, Немања Видиќ.
Србинот би требало да добие шанса да биде тренер на некоја од младинските екипи на клубот, а откако ќе се докаже во таа работа ќе добие место и во стручниот штаб на Оле Гунар Солскјер.
Инаку Видиќ и во овој момент има функција во Манчестер Јунајтед, како спортски амбасадор на клубот, но сега ќе добие многу поголеми ингеренции.
Манчестер Јунајтед од ова лето за прв пат ќе добие и спортски директор, а главната трка за оваа позиција ќ