Роберт Смит, фронтменот на „Кјур“, во интервју рече дека повеќе би сакал да си ги отсече рацете отколку да добие титула од британското кралско семејство.
Смит, во неодамна откриено интервју за 2012 година за францускиот портал „Телерам“, изрази ненаклонетост кон британската монархија, објави НМЕ.
"How dare they presume they could give me an honour? I'm much better than them, they're fucking idiots"
The ever majestic Robert Smith gives both barrels to the honours system 👏https://t.co/qSacwj3eMY
— dave ❄️ 🥕 🧻 (@mrdavemacleod) April 26, 2019
„Секоја форма на наследни привилегии е едноставно погрешна. Не само што е антидемократски туку и суштински погрешно. Она што ме лути е што на некои луѓе на кои им се восхитувам со години им беше понудена награда од кралското семејство, и тие ја прифатија и станаа лорд или сер“, рече Смит.
Тој исто така откри што би направил ако кралското семејство некогаш му понуди титула.
„Искрено, повеќе би сакал да си ги отсечам рацете отколку да ја прифатам. Затоа, како се осмелуваат и да помислат дека ми укажуваат чест? Јас сум многу подобар од нив, тие никогаш не направиле ништо во животот, тие се идиоти “, велат фронтмените на групата Cure.
Музичарите Џон Ленон и Дејвид Боуви, писателот Роалд Дал и сликар Лусијан Фројд се меѓу ретките јавни личности кои ги одбија титулите од кралското семејство.