Принцезата Шарлот е една од омилените членки на британскиот двор, таа денес полни четири години. За да ѝ го честитаат роденденот и да го одбележат нејзиниот голем ден, војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на службениот профил на Кенсингтонската палатата објавија фотографии од малата принцеза кои ги одушевија обожавателите на кралското семејство.
https://www.instagram.com/p/Bw72FBtlXmG/?utm_source=ig_embed
„Војводата и војвотката од Кембриџ со радост споделија три фотографии на принцезата Шарлот во пресрет на нејзиниот четврти роденден. Фотографиите ги сними војвотката во април во палатата Кенсингтон и во нивниот дом во Норфолк”, напишаа од палатата во описот на фотографиите на кои Шарлот позира како вистинска мала моделка.
Покрај тоа, тие се заблагодарија на бројните честитки од обожавателите, кои не престануваат да пристигнуваат во коментарите на официјалниот профил на палатата.
https://www.instagram.com/p/Bw72MZGlW5P/?utm_source=ig_embed
„Среќен роденден на малата принцеза! Толку брзо расте”, „Сè најдобро, малечка”, ѝ пишуваат следбениците на Шарлот во коментарите. Многумина од нив истакнаа дека таа неодоливо потсетува на својот татко Вилијам, и дека од година во година тоа сè повеќе се гледа.
Во последните години, Кејт ја наруши традицијата на објавување официјални фотографии на нејзините три деца кои се дело на професионални фотографи и наместо тоа објавува свои фотографии.