Секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претставници од Владата, денеска учествуваа на состанокот на Интересорската работна група за животна средина, што се одржа во Клубот на пратеници.
– Најголемата инвестиција на новата градска администрација во борбата против загадувањето е новоформираното градско претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас. ГЕС е подготвено идната сеозна да ја започне со изменет пристап кон корисниците во кој приоритет ќе има бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случај со сегашните дистрибутери на топлинска енергија – рече денеска Секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ.
Таа додаде дека ГЕС е подготвено идната сезона да ја започне со изменет пристап спрема корисниците, а приоритет ќе им биде да се зголеми бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случајот со сегашните дистрибутери на топлинска енергија.
– Според пресметките на Градски енергетски системи, намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти ќе овозможи намалување на трошокот на потрошувачите на топлинска енергија за 11%. Ова намалување на сметките за греење ќе иницира враќање на потенцијално околу 20.000 домаќинства и деловни субјекти назад во системот. Но, што е уште поважно, со воведувањето повластената стапка на ДДВ очекуваме и ширење на топлификациската мрежа и приклучување на нови корисници кои во моментов користат други начини за затоплување – нагласи Викторија Аврамовска Мадиќ.
Градот Скопје изминатите две години презема преку 25 нови мерки за намалување на загадувањето, кои во изминатава грејна сезона го ублажија интензитетот на аерозагадувањето, споредено со минатите години на рекордна загаденост. Во тие мерки спаѓаат ограничувањето на дотурот на роба, бесплатен јавен превоз на средношколците, субвенционирање во набавката на велосипеди и тротинети. Во тек е тендерската постапка за набавка на нови екоавтобуси. Исто така, Градот воспостави активен систем за борба со огнови на отворено преку 193 и со помош на Центарот за социјални грижи и полицијата нивниот број е значително намален. Зазеленете се рекордни 127.000 метри квадратни во сите делови на градот, вклучувајќи и нови паркови во самиот центар. Повторно рачносе мијат улиците, а инспекциските служби вршат интензивирани контроли. Се воведоа обуки за нови оџачари, а воедно се субвенционирааат и нивните услуги, додека старите субвенции за печки на пелети се дополнети со нови за инвертери.
Градот, исто така, пред почетокот на грејната сезона направи нови енергетски фасади на 13 училишни згради и постави прочистувачи за воздух во секоја училница.
Инспекцискиот надзор, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот се четирите сегменти во кои Градот Скопје посветено работи како дел од активностите за борба против загадувањето на воздухот.
Градот Скопје во своите заложби за почист воздух и здрава животна средина е отворен за соработка и активно соработува со граѓаните и граѓанските здруженија, како и со сите државни институции.