Заев од Охрид: И третиот кандидат рече гласајте за ЕУ и НАТО, апла за Пендаровски. Од другата страна нема ништо, компир, ништо не понудија, Албанците не ги поканија, Бошњаците ги згрешија Зоран Заев, барајќи ја поддршката за кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија од охриѓани за вториот круг од претседателските избори, посочи дека и кандидатот Река повика да се гласа за Европа и НАТО, односно за Стево Пендаровски. „ И третиот кандидат рече гласајте за Европа, за НАТО, апла за Стево Пендаровски. Од другата страна нема ништо, компир, ништо не понудија Албанците не ги поканија, Бошњаците ги згрешија“ рече Зоран Заев вечерва на митингот во Охрид.