Четири лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во судирите кои избија по протестите во Венецуела изминативе денови, изјави синоќа шефот на невладината организација Форо Пенал, Алфредо Ромеро.
– Четири лица загинаа, 240 се уапсени, а над 300 се повредени за време на протестите одржаби на 30 април и 1 мај, напиша Ромеро на Твитер.
Според податоците на неговата организација, две лица загинале во главниот град Каракас, а уште две во државата Арагуа. Две од жртвите биле малолетници.
Протестите започнаа во Каракас и други градови откако група припадници на војската застанаа на страна на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.