Платете ги заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад без камата!

Во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година, граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад!

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) дека имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави