Шест голови видовме на двата полуфинални натпревари кои вечерва се одиграа во Лига Европа, натпревари на кои Арсенал оствари триумф над Валенсија до 3-1, а пак без победник (1-1) заврши битката меѓу Ајнтрахт Франфурт и Челси.
Во Лондон, премиерлигашот со пресврт дојде до значајна, голема победа против „лилјаците“ од „Месталја“. Шпанскиот прволигаш поведе во 11 минута преку Диакаби, меѓутоа кратко потоа домаќините успеаа да го свртата резултатот. Имено од 18 до 26 минута, Лаказет даде два гола и донесе голема радост за навивачите на „Емирејтс“.
Овој резултат беше активен се до 91 минута кога Обамејанг на аситенција на Колашинац ја затресе мрежата на гостите за славје од два голови разлика.
Во Германија пак Челси имаше повеќе од играта против Ајнтрахт Франкфур, поголем посед, повеќе удари кон голот, ама мораше да се задоволи со реми од 1-1.
Јовиќ и Педро беа стрелци на головите во првиот дел што значи се е отворено за реваншот на „Стемфорд Бриџ“.