МЗШВ: Со модерно решение за градобијна заштита ќе се заштитува земјоделското производство од град

Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град.

Во моментов е во завршна фаза воспоставувањето на модерно решение за градобијна заштита. Новиот систем за градобијна заштита предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони кои ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз во облаците. За таа цел Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,  ќе обезбеди 1,5 милиони евра за спроведување на постапка за јавна набавка од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за избор на компанија. Овој период беа одржани неколку консултативни работни состаноци со УХМР за спроведување на  целата постапка.

Инаку, и натаму на земјоделците на располагање им стои мерката од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за кофинансирање на трошоците за премијата за осигурување за надоместок на штета врз земјоделското производство во висина од 60 отсто. Вкупната сума во Програмата за оваа намена е 70 милиони денари. Дополнително, МЗШВ работи и на нов модел за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

 

 

Треба да знаете
Последни објави