Пијан Србин со БМВ усмрти возач во Хамбург
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на автопатот А-1 кај Хамбург, Германија во кој како што јавуваат Германските медиуми во несреќата учествувал државјанин на Србија.
Вчера во попладневните часови на автопатот А-1 кај Хамбург, Германија, српски државјанин Бобан.К (29)предизвика тешка сообраќајна несреќа, кога со автомобил марка БМВ со брзина од 180 километри на час се удрил во автомобил”Форд„ и усмрти едно лице, додека уште двајца патници се тешко повредени.
Од силниот удар возачот на автомобилот „Форд” загинал на лице место, а додека пак двајцата патници кои се наоѓале во неговиот автомобил, тешко се повредени. Веднаш по несреќата патниците биле пренесени во најблиската болница во Хамбург.
Српскиот државјанин Бобан.К веднаш е уапсен и приведен во полициската станица во Хамбург. На возачот кој ја предизвикал несреќата му се измерени 0,4 промили алкохол во крвта, а неговиот автомобил застанал дури после 150 метри од местото од несреќата.Германските медиуми јавуваат дека сударот бил толку јак, така што автомобилот марка „Форд„ летнал дури 180 метри подалеку од несреќата и се превртел на покрив.