Секогаш доминантна и полна со изненадувања, Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија.
Видео записот на новата песнана Бојана, насловена „Зад завесите” денес премиерно ја добива својата онлајн промоција.
Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година.
Зад завесите се потпишува искусен тим.
Видео записот на новата балада е во режија на едно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски – Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на меланхолијата на самата песна.
Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а текстот е на Ксенија Николова.