Светската здравстверна организација (СЗО) изрази загриженост дека вирусот ебола ќе продолжи интензивно да се шири во Конго, каде за девет месеци од епидемијата починаа 994 лица.
– СЗО планира да воведе нова, се уште нелиценцирана вакцина против ебола што ја направи компанијата „Џонсон и амп”, покрај вакцината што досега се користеше, изјави др Мајкл Рајан, директор на Програмата за итна здравствена заштита на СЗО.
Тој истакна дека безбедносните инциденти, меѓу кои и вчерашниот напад на објект, ја успоруваат вакцинацијата и дневните проверки на околу 12.000 луѓе кои се потенцијално изложени на вирусот.
Како што пренесуваат светските агенции, нападите на центрите за лекување од ебола се зачестени, бидејќи напаѓачите ги обвинуваат странците за носење на смртоносниот вирус во Конго, пред се лекарите дека шират лажни информации за еболата.