Македонскиот првак во футсал Шкупи ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампиони од главната фаза и како домаќин ќе ги дочека квалификациите закажани за во октомври, објави УЕФА.
Во конкуренција на 56 екипи од 52 европски земји, Шкупи е рангиран на 21 место, што му донесе привилегија да ја прескокне прелиминарната фаза.
Жрепката за составот на групите е закажана за 7 јули во седиштето на УЕФА во Нион.
Новата сезона во Лигата на шампиони ќе стартува со натпреварите во квалификациските групи од прелиминарната фаза на крајот на август, додека главната фаза ќе се игра од 25 до 30 октомври.