Камчев синоќа сaм се пријавил во затворот во Струга

Осудениот бизнисмен, Орце Камчев синоќа со лична карта сам се пријавил во затворот во Струга каде треба да ја издржува затворската казна за случајот ‘Империја’, откако се спогоди со обвинителството, плати околу 5 милиони евра затаен данок и доби една година затвор пренесе “Фокус” повикувајќи се потврда од Управата за извршување на санкции.Откако еднаш го одложи издржувањето на затворската казна, Камчев на 1 јули се појавил во затворот каде треба да биде во отвореното одделение, односно само да преспива во затворот. Таму е и другиот осуден за овој случај, бизнисменот Ненад Јосифовиќ.

Треба да знаете
Последни објави