Да бидеме мудри, за да останеме горди.
Постоењето на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ, на Балканот, секогаш било проблематизирано. Околу 200 години се поминати, како сегашните наши соседи (со исклучок на Албанија) започнале да ги формираат своите држави и нации.
За жал, ние Македонците, тој процес на формирање на нашата држава сме го заокружиле во текот на Втората светска војна. Народот имал македонска самосвест, далеку пред да ја создадеме нашата држава.
Овој временски расцеп, помеѓу осознавањето на народот и формирањето на државата, овозможил околу нас да се формираат силни негации и негаторски политики. Од сите соседи. Затоа е и оваа наша историска нерамноправност.
Нема да навлегувам во историските случувања. Тие, нам Македонците, ни се добро познати. (Во 1992 година започнавме со Лисабонска декларација во која не постоеше ни М од Македонија ни посебност на македонскиот народ).
Со упорна и мудра политика, со компромиси кои никогаш не ја загрозиле нашата самобитност и државност (а секогаш беа болни и емотивни), успеавме како народ (еве нека не се политички партии) да нашата македонска држава ја направиме членка на ООН и НАТО.
Сега сме исправени пред последниот чекор на дооформување на македонската државност. Членство на македонската држава и македонскиот народ во ЕУ. Во едно семејство со останатите европски народи и држави.
Болен е процесот. И емотивен. Не е правичен, ниту принципиелен, не е ниту фер, но кога имало правичност и принципелност кон нас ? И кога историјата била фер кон нас ? Впрочем ја совладуваме последната соседска пречка (сетете се само какви беа стартните позиции на Бугарија).
Со мудрост можеме да успееме сите заедно.
Нема да дозволиме никој да го негира нашиот јазик во ЕУ. Таму ќе сме со чист македонски јазик (проблемот на Бугарија со нашиот македонски јазик, останува само бугарски проблем и само нивно видување).
Проблемот со нашата македонска историја, останува повторно само проблем на Бугарија и не е дел од нашите преговори за членство.
Затоа велам, само со мудрост можеме да останеме горди Македонци.
Сите имаме право на емоција. Чуствителни се овие прашања. Најинтимни. Најлесно е да се каже не е фер, не е исто за нас. И јас лично така мислам. Но ? Утре нештата ќе бидат по фер, попринципиелни ? Или ќе ја повториваме нашата голгота ?
Сите сме должни и да имаме мудрост. Немаме право на дневнополитичка емоција, затоа што ова не е дневно, туку историско и стратешко прашање. Затворање на еден циклус. За да после 200 години, конечно ја заокружиме нашата државност и го затвориме прашањето на нашата македонска посебност !!!
Само ако сме мудри, утре ќе бидеме горди !!!
Македонци кои зборуваат на македонски јазик !!! Рамноправен европски народ !!!
Фејсбук статус на Петре Шилегов