Сајнц ја освои пол-позицијата на британското Гран при

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Велика Британија во Формула 1.

Шпанецот го извози најбрзиот круг со време 1 минута и 40,983 секунди и ја освои пол-позицијата за прв пат во неговата кариера во Формула 1.

Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул (+0,072 секунди заостанување, трет беше тимскиот колега на Сајнц, Шарл Леклер (+0,315).

Од 4 – 10. место ќе стартуваат: Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Гуанју Џоу (Алфа Ромео) и Николас Латифи (Вилијамс).

Трката за Големата награда на Британија ќе се вози утре о почеток во 16 часот.

Треба да знаете
Последни објави