Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска по остварените средби во Маџари, Хиподром и Гази Баба порача дека на 5-ти мај ќе победи правдата и правото во Македонија.
Според нејзе за овие две и пол години, власта не направила ниту една значајна реформа која што ќе биде од значење за граѓаните, освен промената на уставното име на Република Македонија.
Две и пол години се потрошени на што? Само на двата договори, јас не гледам други промени, изјави Сиљановска Давкова.
Власта секогаш го кршеше правото за свои цели и интереси, но на тоа треба да се стави крај, а нивниот крај ќе биде на 5-ти мај. Но истовремено 5-ти мај ќе значи и почеток на право и правда која ја немаше овие две ипол години, додаде Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова ги повика граѓаните да излезат масовно да гласаат, бидејќи иднината е во нивните раце, во нивниот глас, да одлучат во каква земја заслужуваат да живеат. Време е Македонија да почне да живее, а ќе живее ако постои правда.