Акција на ЈП Водовод за расчистување на атмосферската канализација по вчерашното невреме

Во текот на вчерашниот ден, како резултат на невремето кое го зафати Скопје, а беше проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација.

Во моментот, атмосферските и канализационите линии на територија на град Скопје се чисти и максимално функционални.

Екипите од секторот Канализација, беа присутни во сите општини на градот зафатени од невремето, а во нивната акција беа расчистени следните критични точки: подвозникот кај Мавровка, бул. Илинден, бул. Партизански одреди, ул. Јордан
Мијалков, критичните места во општина Карпош, ул. Павел Шатев, деловите кај Полициската станица – Битпазар, делот кај хотел Континентал итн.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се подготвени за соодветна реакција, во согласност со временските услови, секогаш во служба на граѓаните на град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави