Ковачевски: Во европскиот предлог имаме јасно прифаќање на Македонски јазик, време е за мудри одлуки!

Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на Македонски јазик, рече денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на прес конференција по средбата со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, астерикси“ рече Ковачевски.
Ковачевски доддава дека и историските прашање се надвор од преговарачката рамка
„Предлогот воедно ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. Отворените прашања со соседите треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и праведни за двете страни. Европската Унија посочува дека тоа треба да се реши на билатерална основ, и затоа ова никако не е дел од рамката за преговори. “ рече премиерот Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави