Стотици луѓе вчера протестираа во Акрон, во американската сојузна држава Охајо по објавата на видео-снимка на кој се гледа како е убиен Афроамериканецот, Џајланд Вокер.
Според адвокатот на Вокер, полицијата во него истрелала 60 куршуми.
Вокер (25) беше убиен на 27 јуни бегајќи од полицијата по бркотница со автомобил поради сообраќаен прекршок. На снимката што полицијата вчера ја објави гледа како млад човек е погоден со поголем број куршуми.
Протестите поминаа мирно.
На видео-снимката се гледа дека Вокер по неколку минути потера излегол од автомобилот во движење и почнал да трча. Полицајците се обиделе да го совладаат со помош на електричен парализатор, но не успеале, а потоа истрелале повеќе куршуми. Вокер е прогласен за мртов на лице место.