Здруженијата на Македонците од Егејска Македонија: Пендаровски го поддржуваме да стане претседател
Здружението на децата бегалци и нивните потомци од егејскиот дел на Македонија “Т’га за југ” ја поздравува поддршката на нашето барање која кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја изрази за учење на македонскиот јазик кај дијаспората во регионот, во источноевропските земји, западноевропските земји и секаде низ светот.
За нашите членови и за сите потомци на децата бегалци од Егејска Македонија, поддршката за македонските идентитетски обележја е од суштинско значење за нашето битие, дома и насекаде низ светот.
Егејците ја возвраќаат поддршката кон Стево Пендаровски, со надеж дека ќе ја претставува земјата како претседател на сите граѓани, дека постојано ќе биде заштитник на македонскиот јазик и народ и ќе ја внесе државата во НАТО и ЕУ.
Апелираме и ги повикуваме сите Македонци со потекло од егејскиот дел на Македонија во недела на 5 мај, да излезат, да дадат поддршка за Стево Пендаровски, за членство во НАТО и ЕУ со заштитен македонски идентитет.
Здружението “Т’га за југ” го сочинуваат здруженија на Македонците од егејскиот дел на Македонија лоцирани во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Битола.