Папата демантира дека се повлекува од Светата столица, сака да оди во Москва и Киев

Осумдесет и петгодишниот папа Франциск денеска ги отфрли тврдењата дека планира да ја напушти позицијата поглавар на Римокатоличката црква. Овој месец заминува за Канада, а потоа се надева дека ќе може да отиде и во Москва и во Киев, јавија британски медиуми.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, папата спомна дека имало контакт меѓу секретарот на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за можно патување во Москва. Но, првите знаци не биле добри.

– Би сакал да отидам во Украина, а сакав прво да одам во Москва. Разменивме пораки за тоа, бидејќи мислев дека, доколку рускиот претседател ми даде улога да послужам за мир… а сега е можно, кога ќе се вратам од Канада, да одам во Украина. Би сакал да одам во двата главни града, изјави папата.

За британски медиуми, папата меѓу другото, негираше и дека боледува од канцер. Тој се пошегува како „докторите не му кажале ништо за тоа”. Папата за првпат откри детали за состојбата на коленото, поради што беше спречен да врши одредени должности.

Треба да знаете
Последни објави