Почна исплатата на еднократната парична помош за првачињата во Општина Аеродром

Градоначалникот Тимчо Муцунски оваа работна недела ја почна со потпишување решенија за исплата на еднократната помош која му следува на секое прваче што ќе се запише во едно од основните училишта во Општина Аеродром.

Со оваа мерка целта е да им се помогне на родителите и дечињата кои живеат во Аеродром, а секој што ги исполнува условите ќе добие по 3.500 денари за секое прваче.

Повикот за аплицирање е отворен до 30.09.2022, а образецот и сите потребни информации може да се најдат на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Треба да знаете
Последни објави