Туристите панично бегале по пукотницата на плажа кај Валона

Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.

Како што пренесуваат албанските медиуми има повредени, а туристите во паника го напуштиле местото.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.

Пристигнaле и возила за брза помош. Засега не е познат мотивот за пукотниците.

Треба да знаете
Последни објави