Трета вечер по ред пред владината зградата во центарот на Скопје започнаа протести против францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и започнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Под мотото „Ултиматум – не благодарам“ граѓани се собраа да го изразат својот револт, а на протестот се појави и пејачот Ламбе Алабаковски кој е обвинет за палење на влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Алабаковски на почетокот на протестот ја отпеа државната химната, а потоа се слушаше и неговата песна „Земјо моја“.
Тој на бината покажа и парче хартија на кое пишуваше „преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“, кое Алабаковски го запали.
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа ова парче хартија треба да гори денес“, рече пејачот во краткото обраќање.