Слаткото бебе е љубоморно кога родителите се бакнуваат
Ова слатко и експресивно бебе можеби уште не знае да зборува, но се гледа дека има многу што да им каже на неговите родители.
Криси и Мет Ханекен од Мериленд го споделија ова преслатко видео на кое е снимена реакцијата на нивната ќерка Ела кога ги гледа нејзините родители како се бакнуваат.
“Ела е секогаш весела, освeн кога ние двајца се бакнуваме”, вели нејзината мајка Криси.
Погледнете ја најслатката љубоморна реакција која за брзо време стана вирална на интернет.