Четворица полицајци повредени од денешното дивеење.
Најмалку четворица полицајци се повредени од дивеењето на протестантите водени од Димитар Апасиев пред зградата на Владата.
Повредите се од удари со камења и други предмети. Македонската полиција успеа да ја задржи ситуацијата под контрола и да ги спречи намерите на оние кои безмилосно нападнаа врз македонските полицајци.