Компанијата Макстил врши редовно објавување на резултатите од мерењата не двете мерни точки коишто се споредуваат како со вредностите пропишани од Министерството за животна средина, така и со стандардите кои произлегуваат од А-интегрираната еколошка дозвола и пропишаните европски гранични емисиони вредности. Во целиот период откако се прави мерењето, вредностите измерени во Макстил секогаш се неколкукратно пониски, а некогаш и до 20 пати помали од дозволените гранични вредности според која било од трите референтни скали и ниту еднаш не биле над овие граници.
Намалувањето на емисиите на цврсти честички во Макстил се должи на обемните
инвестиции во современи технолошки процеси за контролирање на производството и
редуцирање на емисиите кои ги спроведе компанијата, а со цел максимално намалување на вредностите на емисија на цврсти честички.