Хакери тврдат дека поседуваат лични информации од шангајската полиција за околу милијарда кинески граѓани, што според технолошките експерти, доколку е вистина, би било едно од најголемите кражби на податоци во историјата.
Анонимниот интернет корисник, идентификуван како „ChinaDan”, минатата недела објави на хакерскиот форум Breach Forums нудејќи да продаде повеќе од 23 терабајти податоци за 10 биткоини, што е еквивалентно на околу 200.000 долари.
„Во 2022 година протече базата на податоци на националната полиција на Шангај (SHGA). Оваа база на податоци содржи многу ТБ податоци и информации за милијарди кинески граѓани”, се вели во објавата. „Базите на податоци содржат информации за милијарда кинески државјани и неколку милијарди записи за случаи, вклучувајќи: име, адреса, место на раѓање, матичен број, мобилен број, сите детали за криминал/случај”.
Засега западни новински агенции немале увид во податоците за кои се трвди дека се украдени додека полицијата во Шангај нема објавено коментар.