Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сок-јол нареди армијата „брзо и силно” да возврати во случај на каква било севернокорејска провоикација.
Јун наредбата ја издаде во момент кога се претпоставува дека Пјонгјанг по пет години може да изврши нова, седма нуклеарна проба. Исто така наредбата уследи еден ден откако авиони на американското воздухопловство Ф-35А пристигнаа во Јужна Кореја.
Минатата недела Јун се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид, при пшто се договорија заеднички да работат на унапредување на начините за „широко одвраќање” на Северна Кореја.
Северна Кореја годинава ги интензивираше ракетните проби и се претпоставува дека се подготвува за седма нуклеарна проба.