Кај затвореник во Битола пронајдена дрога

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.К.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.07.2017 година во Казнено-поправната установа Затвор – Битола, при претрес на пратка за пријавениот, вработените пронашле и одзеле хероин и таблети бубренофин.

Треба да знаете
Последни објави