Уште двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставките на министерот за финансии и за здравство.
Оставка денеска поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс, кој истакна дека „нема друг избор, освен да си поднесе оставка”, како и министерката за транспорт Лора Трот, која наведе оти се одлучила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата.