Италијанскиот мотоциклист и возач во Мото ГП шампионатот, Франческо Багнаја излетал од патот додека возел под дејство на алкохол, за време на неговиот одмор на Ибица.
„Излегувајќи од дискотеката во три часот по полноќ, завршив со предните тркала во канал на кружен тек. Во инцидентот не учествуваа други возила и никој не е повреден“,напиша Италијанецот на своите социјални мрежи.
„Алкотестот што го изврши полицијата откри дека нивото на алкохол во крвта е повисоко од шпанскиот закон“, додаде возачот на Дукати.
Според медиумите, Бањаја имал 0,87 промили на алкохол во крвта. Според шпанскиот закон максимално дозволено ниво на алкохол во крвта е 0,25 промили.
Полициски извори потврдија за АФП дека Бањаја има „речиси три пати повеќе од законската граница.
Во Шпанија возењето со повеќе од 0,6 промили алкохол се смета за кривично дело, па Бањаја ќе мора да се соочи со судење, а му се заканува затворска казна од три до шест месеци, општокорисна работа од еден до три месеци и парична казна. Постои и можност да му биде одземена возачката дозвола за период од една до четири години.
Полициски извор ја отфрли можноста за затворска казна, бидејќи „штетата е многу мала и во инцидентот не учествувале други лица“.
Бањаја напиша и дека „научил лекција“ и им порача на своите обожаватели „никогаш да не возат откако ќе се напијат“.
Италијанецот минатата сезона заврши на второто место во Мото ГП шампионатот, зад Французинот Фабио Квартаро.