Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за ТВ Сител рече дека Премиерот Ковачевски жестоки ги бранел позициите на Република Северна Македонија на Самитот во Брисел .
,,Јас можам да посведочам на искрената борба на Ковачевски во Брисел за својата земја и својот народ”, рече Вучиќ.
Вучиќ посочи дека следи се што се случува и поддржува се она што неговите колеги Ковачевски и Рама го бараа во Брисел. „Многу храбро, остро, не само на конференциите со новинарите туку и на самите средба посветена за Западен Балкан”, дополни Вучиќ.
Претседателот на Србија рече дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговорите за членство во ЕУ. Според Вучиќ овие две земји одамна го заслужија членството заради својата посветеност, постигнатите резултати исполнувањето на се она што го бараа од нив.
„Јас за разлика од сите други не можам да зборувам на таков начин и немам право да зборувам на таков начин. Немам право да се мешам во внатрешните работи на македонските граѓани, народот и би било нефер да се однесувам онака како и сам не сакам да се пред српските граѓани однесувам”, рече Вучиќ.