Арсовска: Кадровски решенија Таравари може да си поставува во Гостивар, а не во Скопје

Изјава за јавност од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, реакција на изјавата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој најави раскинување на коалицијата на Алијанса за Албанците со Арсовска.

-Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје. Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува. Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат, вели Арсовска.

Треба да знаете
Последни објави