До овој момент, во СВР Охрид нема официјална пријава за пукање од огнено оружје пред изборен штаб на политичка партија во Охрид.. Ги демантираме написите за таков настан во Охрид и Ве информираме дека на 03-05-2019 година во 22 часот и 45 минути, М.К.(32) од Охрид пријави оштетување на неговото возило „Опел Зафира“ со охридски регистарски ознаки случено на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според пријавителот, управувајќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување.
По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај.