Собранието да покаже одговорност во однос на заклучоците околу информацијата за европскиот предлог

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата до Собранието ја достави информацијата за предлог преговарачка рамка претставена од француското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите.

Одговорност е на законодавниот дом преку носење на натамошни заклучоци согласно собраниските процедури за овој европски предлог.

Сите политички партии, сите пратеници во Собранието треба да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука.

СДСМ како државотворна партија има заклучоци кои гарантираат доследно придржување кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.Како елементи за кои не се преговара во било кое време и околности, односно не се дел од преговарачкиот процес.

Да се постапува целосно во согласност со стратешките определби на земјата за интеграција и полноправно членство во Европската Унија со исклучување на билатерални историски и образовни елементи во рамката.

Секако се што ќе се усвои да биде во рамки на црвените линии дефинирани во Резолуцијата што пратениците со консензус ја усвоија.

Протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, не беа поврзани со европскиот предлог за почеток на преговорите туку единствено за рушење на владата, но тоа не успеа.

Во овие неколку денови целата јавност од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците виде борба за гола власт, обид за поигрување со чувствата на граѓаните, намерно создавање тензии, поделби, конфликти и загрозување на стабилноста преку крвави сценарија.

Токму неуспехот на овие мрачни сценарија доведе до растурање на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.

Откако пропаднаа сите обиди за дестабилизација, сега Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со деструкциите.

Пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, пратениците имаат обврска да обезбедат европска иднина на државата.

Треба да знаете
Последни објави