Пратеникот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Велес И.Г. е осомничен дека преку вибер упатувал закани до свој сограѓанин, кој пак заканите ги пријавил во полиција, пишува центар.мк.
За случајот побаравме информација од МВР од каде потврдија дека во СВР Велес има пријава на 06.07.2022 од граѓанин на Велес за „загрозување на сигурноста“ од страна на И.З., кој му се јавил преку вибер и упатил закани кон него и навреди кон неговото семејство.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а СВР Велес за случајот ќе изготви известување до надлежното обвинителство, велат од полицијата.