Пратеникот на Алијанса за Албанците, Аднан Незири го окарактеризира како срамотен договорот меѓу правосудниот систем и како што вели „еден од криминалците на двата последователни режими, Сашо Мијалков“, кој признал вина за случајот „Империја“ и се спогоди за помала затворска казна.
-Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради Империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор. За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, додека истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра. Јавно прашуваме дали Артан Груби се разбирал со Сашо Мијалков, или Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија. Како и да е епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор, вели Незири.