На 07.07.2022 во 12.00 часот во планинскиот појас над кичевското село Другово, во близина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево пронајдоа патничко возило „фолксваген” со кичевски регистарски ознаки.
По преземени мерки било констатирано дека возилото претходно учествувало во сообраќајна незгода, истиот ден во 07.30 часот и дека возачот М.С.(63) од Охрид, го напуштил местото на незгодата, го оставил возилото и избегал.
Од извршениот преглед на возилото, констатирано е дека во него има околу 3 метри кубни огревно дрво, кои се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.