Баша: Продолжува „народното востание” до заминувањето на Рама

Претседателот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската(ПД), Љуљзим Баша, од градот Леже порача дека „народното востание”, што започна на 16 февруари, нема да запре до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада која ќе организира предвремени избори.

Тој додаде дека единствените што треба да се плашат од доаѓањето на ПД и опозицијата на власт се олигарсите.

-Единствените што треба да се плашат од доаѓањето на Демократска партија и опозиција на власт се 5-6 олигарси на кои ќе им ги земеме парите и ќе и ги дадеме на албанска младина, на албанските универзитети. Знам дека се плашат и им порачувам дека е добро што се плашат, бидејќи тоа ќе се случи со Божја помош и со единството на Албанците за многу кратко време, порача Баша од средбата со приврзаници и граѓани во градот Лежа.

Тој појасни дека парите што ги украле олигарсите ќе им бидат одземени, договорите ќе бидат поништени „нивното нелегално стекнато богаство ќе им биде конфискувани со новиот закон против мафијата, против олигарсите и ќе им бидат вратени на вистинските господари на тие пари, онаму од каде што беа украдени”.

Баша вети дека апсолутен приоритет ќе биде високото образование и крај на корупцијата во здравството.

-Ќе се бориме заб за заб, рече Баша, повикувајќи ги граѓаните што помасовно да се приклучат на четвртиот по ред масовен протест на обединетата опозиција закажан за 11мај.

Од февруари, кога почнаа протестите, до сега, се одржани девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три „национални протести” беа пред Владата и тоа на 13 февруари, 13 март и 13 април.

Треба да знаете
Последни објави