„Денешниот голем муслимански празник Курбан Бајрам нè потсетува на нашата најважна човечка мисија – во духот на трпението, несебичноста и пожртвуваноста да се погрижиме за најблиските и сите оние на кои им е потребна подадена рака и да ги сочуваме великодушноста, сочувството и солидарноста кои сега ни се потребни повеќе од било кога.
Величественоста на Курбан Бајрам едновремено нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот.
Со желби за добро здравје, мир благосостојба на сите верници од исламска вероисповед Ви посакувам празничните денови да ги поминете во духовна радост и верба во подобрите времиња кои заеднички ќе ги славиме во нашата заедничка татковина.
Нека биде благословен и честит празникот Курбан Бајрам!”, стои во ФБ статусот на премиерот Ковачевски.