Стефковски: Преземам обврска да му помогнам на Мете да има основни услови за живот

Попладнево на социјалните мрежи ја видов најавата на утрешната емисија “Срце на дланка” на Алфа телевизија во која е споделена сторија за Медијан, младо момче од населбата Хиподром, напишаа на Фејсбук градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-За жал Медијан има тешка животна приказна. Драгица жената која го земала од државата и го одгледала починала и денес тој живее во лоши услови, без струја и е невработен.
Веднаш по информирањето од сторијата, преку моите соработници во општината направив контакт со другар на младиот Мете и ги поканив да дојдат во општината во понеделник во 12 часот.
Превземам обврска пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба да му помогнам на Мете да има основни услови за живот, напиша Стефковски на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави