За време на одржувањето на петнаесеттото јубилејно издание на спортската манифестација „Скопски Виз Ер маратон” , ЈП „Комунална хигиена”-Скопје со 35 работници на терен континуирано ја одржуваше чистотата и хигиената на маршрутата на големата трка од 42 км, што се протегаше низ целиот град – од населбата Аеродром до населбата Хром. Континуирано чистење се одвиваше и во реонот на Градскиот плоштад и паркот „Жена борец”, на почетната точка на маратонската трка од пет километри.
По завршувањето на маратонот, екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје продолжија со активностите за комплетно отстранување на сите отпадоци, чистење и машинско миење на скопските булевари и улици. Од механизацијата се употребуваа три автоцистерни, три патарки, две пјаџа и четири метларки.