Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во циклонот Фани во Индија.
Циклонот, најсилен во последните 20 години што ја погодил Индија, најпрвин ја опустошил провинцијата Одиша, како невреме од петта категорија, носејќи со себе поројни врнежи од дожд и ветер со јачина до 205 километри на час.
Откако стигнал до копното, циклонот ја сменил насоката кон североистокот и почнал да слебее, но, сепак, потопил бројни села на границата со Бангладеш.
Околу 1,2 милиони жители на Бангладеш се пренесени во околу 4.000 засолништа, а аеродромот Бубанешвар претрпел значајни оштетувања, но и понатаму е отворен.