Горан Крстевски Кичо го засили стручниот штаб на ЖКК Бадел 1862

Најтрофејниот македонски женски кошаркарски клуб, ЖКК Бадел 1862 ве информира за активностите во летниот период, по една од најуспешните сезони во нашата историја и пред една од најпредизвикувачките сезони во нашето постоење.

По успешната натпреварувачка 2021/22, во која ја освоивме титулата во домашното првенство, го освоивме инаугуралниот Суперкуп на почетокот на сезоната, игравме во финалето на домашниот Куп и станавме прва македонска екипа која заиграла во Суперлигата на WABA регионалната лига, нашиот клуб се засилува во тренерскиот кадар и во организациските структури. Ќе следува и реконструкција на сениорскиот тим, кој ќе се натпреварува во рамките на следната натпреварувачка година.

Ново име во нашиот стручен штаб е Горан Крстевски Кичо, проверен тренер кој по многубројните титули и успеси во машката младинска и сениорска кошарка, реши да зачекори и во женската. Почестени сме што тоа го прави токму во нашите бои, боите на ЖКК Бадел 1862. Крстевски ќе биде од огромна помош во стручниот штаб кој го сочинуваат тренерите Перо Стамески, Анета Глигорова и Дарко Димитријевиќ.

Треба да знаете
Последни објави