Ѓукановиќ ја урива Владата- му ја откажа поддршката на Абазовиќ по договорот со СПЦ

Црногорската влада ја загубиле во неделата поддршката од најбројната партија во парламентот, Демократската партија на социјалистите (ДПС) на шефот на државата Мило Ѓукановиќ, откако на седницата во петокот парламентот го усвои договорот со Српската православна црква (СПЦ).

По седницата на партиското претседателство, ДПС соопшти дека партијата, којашто има 30 пратеници во парламентот, ја ускрати поддршката на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.

„Владата повеќе ја нема нашата поддршка бидејќи за ДПС приоритет, беше и остана, европската агенда. Без калкулации ја поддржавме владата верувајќи дека ЕУ ни е заедничка цел. Сега кога, за жал, е јасно е дека не е така, повторно без калкулации продолжуваме да се бориме за истата цел“, соопшти за медиумите членот на претседателството ДПС, Јевто Ераковиќ.

Поддршката за владата на Абазовиќ претходно ја повлече Социјалдемократската партија, најавувајќи покренување иницијатива за скратување на мандатот на владата и распишување вонредни парламентарни избори.

Владата на Абазовиќ и покрај острото противење на пет министри, го усвои нацрт-договорот со СПЦ. Критичарите велат дека тој документ е наводно на штета на Црна Гора и дека со него црногорската културни и верски добра неправедно ѝ се впишуваат на српската црква. Истиот ден договорот го усвои и Синодот на СПЦ во Белград и најави дека наскоро ќе биде потпишан.

Малцинската влада на Абазовиќ, кој доаѓа од албанската заедница во Црна Гора, беше формирана кон крајот на април а доби поддршка од 45 од 81 пратеник во парламентот. Покрај Обединетата реформска акција (УРА) на Абазовиќ, во неа влегоа и претставниците на малцинските народи Албанци, Бошњаци и Хрвати, како и Социјалистичката народна парти, зад која стојат припадниците на српската заедница и СДП. Партијата ДПС на Ѓукановиќ не влезе во владата, но ѝ даде поддршка.

Треба да знаете
Последни објави